Со уништување на зелените појаси во градот- сечењето на дрвата и енормната урбанизација се уништуваат и живеалиштата на голем број птици. Меѓу нив се и гугутките. Принудени да побараат “ кров над глава”, почнаа да се вселуваат во зградите и прават гнезда на балконите.


Во потрага и по храна, овие птици се навикнаа на луѓето и станаа нивни миленици.



Во текот на годината три пати полагаат јајца. За жал, само еднаш или два пати нивните обиди да се испилат се успешни.   

Ohridnews
фотографии: Васко Бујароски