Со забрзано темпо се работи на санација на испустот на реката Црн Дрим во Струга. Времето засега ги служи работниците кои брзаат да ја завршат работата. Поради дотраеност, дрвените клатна ќе се заменат со бетонски испусти, а ќе се зацврсти и конструкцијата на стариот мост. Додека траат градежните активности во Дрим се испушта  помалку вода, па така во одредени делови  дното на реката е на суво, а лебедите се движат пеш ловејќи риба во плитката вода.


Се санира испустот на Дрим


Старите дрвени испусти ќе се заменуваат со бетонски


Коритото на Дрим на суво


Лебедите „пливаат пешки“


Водостојот на Дрим на минимум

Васко Бујароски