НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид во изминативе два месеци ја спроведува редовната ревизија на целиот книжен фонд, која според закон се прави на секои пет години.

Вработените во Библиотеката, велат оттаму, за рекордно време стигнаа до завршната фаза во која следи ревизијата на одделот за возрасни кој всушност е и најбогат и најобемен во простор.

За полесно и побрзо завршување на ревизијата од понеделник, 26 февруари, Библиотеката и натаму ќе биде отворена за читателите во истиот термин од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот, но читателите не ќе можат сами да влегуваат во отворената библиотека и да одбираат книги, туку извесен период ќе бидат услужувани само на шалтерот за зајмување книги, информираат од Библиотеката.

OhridNews