Стејси Комерфорд од Велика Британија пати од ретко пореметување кое е наречено Клајне-Левин синдром, познат како синдром на „Заспаната убавица“. Стејси заспала во април а се разбудила во јуни.
Ова било невролошко пореметување и подразбирало прекумерна количина спиење и јадење. Лицата кои го имаат спијат околу 20 часа на ден, иако се случува да спијат и повеќе од месец дена. Заболените се будат само кога сакаат да јадат или да одат во тоалет. Кога ќе се разбудат имаат промени во расположението, а најчесто се однесуваат како деца, дезориентирано и без енергија.