Миранда Кер не е повеќе ангел на модната куќа Викторијас Сикрет. Како официјална причина наведено е истекувањето на тригодишниот договор, но медиумите тврдат дека соработката е прекината поради нејзината репутација на “тешка личност“.
Австралиската манекенка, која е омажена за британскиот актер Орландо Блум, со кој го има двегодишниот син Флин, не е повеќе едно од заштитните лица на најпознатиот производител на долна облека на светот.
Анонимен извор вели дека 29-годишната Миранда е доста разгалена и дека е тешка за соработка. Друг соговорник истакнува дека бринетата не допринесува многу за продажба на производите во споредба со другите ангели, Александра Амброзио и Адријана Лима.
Иако повеќе нема да носи крила и нема да биде помеѓу водечката петорка, Миранда ќе учествува на ревија на крајот на годината и ќе снима каталог.