Околу дваесетина џамии и сали за молитва се затворени во Франција од декември 2015 година до денес поради ширење исламски радикализам, а во тек е постапка за протерување на екстремистичките проповедници, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казнев. „Нема место во Франција за оние кои во молитвените простори и џамии повикуваат и изразуваат омраза и не ги почитуваат одредените републикански начела, а особено мислам на еднаквоста на жените и мажите“, изјави Казнев.

Министерот рече дека ќе има уште затворени џамии, „имајќи ги предвид информациите со кои располагаме“. Потврди дека од 2012 година се издадени и 80 барања за протерување на радикалните свештеници.

Во Франција има околу 2.500 џамии и простори за молитви, од кои постојат сомневања дека 120 ја пропагираат фундаменталистичката салафистичка идеологија.

OhridNews
извор Макфакс