Граѓани кои вечерва патуваат од Скопје за Охрид, информираат за блокада на автопатот Тетово – Скопје. Неофицијално причина за блокадата која создаде километарски колони, е протест на граѓани.
Поради протестот возилата се пренасочуваат низ градот Тетово и на стариот пат за Гостивар.
OhridNews