Во послендата рунда од групната фаза од Лигата на Шампиони, Металург си поигра со данскиот Силкерборг, но тоа скапо го плати. Крилото на “металурзите“ Дејан Манасков ги повреди лигаментите на коленото и од терените ќе отсуствува шест месеци.
За екипата на хрватскиот стратег Лино Червар повредата на Манасков е голем пех, ако се знае дека синот на легендардниот ракометер Пепи беше една од главните алки во мозаикот на хрватот.
Манасков неславно ја заврши оваа сезона, која беше брилијатна за него и тимот на Металург, а сигурно дека Манасков ќе недостига во македонската селекција пред која престори дуелот со Светскиот првак.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com