Поплавите во Охридскиот регион кои ги предизвика зголеменото ниво на Охридското Езеро, надојдените реки од неговото сливно подрачје и подземните води, ги оштетиле жителите за околу 170.000 евра или точно 10.418.850 денари. Ова е првичниот износ  на штетите, од осум населени места, кои ги пресмета Комисијата за проценка на штети при Општина Охрид. Според нив сумата на вкупната штета во Охридскиот регион ќе биде уште поголема затоа што тука треба да се додадат и штетите на плажите и Колекторскиот систем .


-Во тек е проценувањето на штетите кои ги претрпеа концесионерите на плажите. Исто така сеуште се прават точни проценки за утврдување на вкупните штети кои ги претрпе Колекторот. Кога сите овие проценки ќе бидат завршени ќе изготвиме Извештај кој ќе се достави на разгледување на наредната седница на Советот на Општина Охрид, по што ќе се одлучи на кој начин ќе бидат обештетени граѓаните и кога ќе бидат надополнети штетите.-велат од Комисијата за проценка на штети.



Од ЈП Проаква, која стопанисува со Колекторскиот ситем информираат дека првичните проценки на штетите кои ги претрпе Колекорот, се веќе направени, но најверојатно сеуште ќе се надополнуваат.

– Само 70 до 80 илјади евра чинеше опремата која што прегоре поради зголеменото ниво на водите, а она што значи континуирана штета од притисокот на целиот Колекторски ситем заради зголеменото ниво на езерото и  подземните води се предвидува дека ќе изнесува  најмалку еден милион евра. Но штетите суште се евидентираат, што значи дека проценката на вкупната штета, допрва ќе се прави-вели Бранислав Трпчеки , директор на МЈП Проаква.


Најпогодени од поплавите поради зголемените водостој, во изминативе неколку месеци, беа селата Пештани, Лакочереј, Орман, Косел, Лескоец и охридските населбите Воска и Далјан .

Е.Е.