Откако се предозирал со пиво во локалниот бар, еден жител на Бохум паднал во шахта и се заглавил. На помош повикале пожарникари. Додека бил заглавен човекот се колнел дека ќе се откаже од пивото. Герхард Вилдер од Бохум стигнал дури и до медиумите, на начин на кој најмалку се надевал.


Го забележал еден возач кој сакал да го помрдне автомобилот кој му бил паркиран во близина. Се обидел сам да го извлече Гертхард, но безуспешно. Изјавил дека човекот сам паднал и дека никој намерно не го извлекол поклопецот од шахтата.