Поради промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски партнери, ќе биде свикана вонредна седница на Советот на Агенцијата за промоција и подддршка на туризмот на Република Македонија.

Советот на АППТ се свикува со цел да се превземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација.

-Очекуваме заедно со туристичкото стопанство да излеземе со став и предлози како би се ублажиле  негативните резултати од актуелната ситуација. Истовремено се соочуваме со ситуација во која различни медиуми домашни и странски излегуваат со своја интерпретација на настаните, со што се предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на оганизираните патувања кон Македонија од сите странски држави, изјави Кристијан Џамбазовски директорот на АППТ.

OhridNews