Едно момче на возраст од 11 години во Шпанија исценирало сопствено киднапирање како би ги спречил родителите да одат на родителска средба и да дознаат за негвоите лоши оценки. Во потрага по момчето, чиј татко работел како полицаец во местото хинсо де Лима, на северозападот од Шпанија, биле ангажирани сите средства. Локалните медиуми навеле дека момчето напрвин испратило смс порака во која напишало дека некој го киднапирал додека го фрлал ѓубрето, а подоцна телефонирало и рекло дека е закулечно во гепекот на син Сеат.
Таткото ги алармирал колегите и на патиштата биле поставени блокади. Подигната била општа узбуна во земјата, известена била и португалската полиција, а локалните медиуми веста ја објавиле на насловните страници. Два часа подоцна таткото забележал дека ги нема клучевите од другиот стан на семејството во кој се воспоставило дека се криело момчето. Момчето објаснило дека се плашело дека неговите родители ќе одат на родителска средба и ќе ги видат неговите лоши оценки.