Министерставото за земјоделство шумарство и водостопанство издаде наредба со која се забранува секакво неовластено присуство на граѓани во шума.
Владата на ваков чекор се реши откако поради човековата негрижа и топлото време во земјава избувнаа десетина пожари кои сеуште не се ставени под контрола.
Пристапот во шумите е строго контролиран, а сите лица ќе бидат легитимирани, најавуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Забраната важи за територијата на целата држава соопшти ресорното министертсво. Оттаму уште еднаш апелираат до граѓаните да бидат претпазливи на отворен простор, а земјоделците да не ги палат стрништата бидејќи опасноста од појава на пожари на високите температури е голема.
ohridnews