Поради вулканскиот пепел откажани се десетици летови во и од Шкотска, но ирската авиокомпанија „Рајанер“ соопшти дека ќе протестира против „непотребно“ ограничување.
Администрацијата на норвешките аеродроми „Авинор“ соопшти дека облакот пепел предизвика некои ограничувања на летови на западниот брег на Норвешка во вторник, а Данска изјави дека мало површина од нејзиниот воздушен простор ќе биде затворено.
Финските метереолози проценуваат дека облакот пепел до јужна Финска ќе стигне утре вечер.
Азиските авиокомпании изјавија дека нивните летови за Европа се одвиваат денеска нормално, но дека внимателно го следат развојот на ситуацијата со вулканот.
„Рајнер“ кој мораше да откаже 36 летови меѓу Шкотска и градови низ цела Европа, соопшти дека смета оти не постои опасност за летови од и во Шкотска и дека поради непотребно откажување на летови заедно со другите авиокомпании ќе протестираат кај министерот за транспорт.
Минатата година пепел од другиот исландски вулкан предизвика откажување на 100 илјади летови и така направи проблем за 10 милиони патници, а загубите се проценуваат на 1,7 милијарди американски долари.
Исландскиот претседател, Олафур Гримсон изјави за Си-Ен-Ен дека последната ерупција била голема, но дека нема да предизвика ист сообраќаен хаос.
„Што се однесува до Европа, тоа нема да биде ни слично како она што се случи минатата година. Тоа е поинаква ерупција и мислам дека Европа е подобро подготвена да се справи со ова“, рече тој.
извор: „Макфакс“