Поради ново лизгање на земјиштето, патот Битола-Ресен, кај превојот Ѓавато, од утрово е во прекин за сите возила, во двата правци. Возилата, како што соопшти АМСМ,  се пренасочуваат на стариот пат од Макази кон Битола.

Ова е втор одрон на свлечиштето што се случи пред две недели, кога се расцепи патот и двете ленти пропаднаа на еден метар длабочина.

Штетите се проценуваат, а екипите веќе работат на расчистување на патот.

Ohridnews