Во автобуската станица во Охрид, вчера, околу 13 часот, бил нарушен јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу едно лице од Охрид и две од струшкото село Радолишта, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Караницата започнала поради нерасчистени меѓусебни должничко доверителни односи, а натамошниот тек бил спречен од работниците на обезбедување во автобуската станица.
Против учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.