Хали Бери зад себе имала трауматичен викенд. Актерката два пати ја контактирала полицијата поради непознат човек кој се движел околу нејзиниот дом во Лос Анџелес. Кога актерката прв пат повикала полиција, до моментот кога пристигнале до нејизниот дом да проверат што се случува, сомнителниот човек исчезнал.
Меѓутоа, непознатиот човек повторно се вратил и преку ѕидот се искачил на имотот на актерката, а таа го забележала како се движи по нејзиниот тревник. Иако нејзините телохранители се упатиле кон него, тој успеал да им помогне. Се претпоставува дека станува збор за папарацо кој се обидувал да стигне до фотографии на актерката, но извори блиски на актерката не веруваат во тоа.