Екипи од полициски службеници од ОВР Струга и инспектори од Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на општините Струга и Вевчани, вчера, извршија контрола на 10 угостителски објекти, во врска со спроведувањето на одлуката на Владата на РСМ за заштита од вирусот КОВИД-19.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, констатирано е дека еден угостителски објект во селото Лабуништа ги прекршил предвидените мерки по што, со решение од Пазарната инспекција, веднаш е затворен. Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews