Поради немање кворум и не можност да се утврди дневниот ред, седницата за гласање доверба на Владата е прекината и како што соопшти потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели дополнително ќе биде известено во текот на денов кога таа ќе продолжи седницата.

При пребројувањето на пратениците беше констатирано дека на седницата присуствуваат 60 пратеници, од кои двајца се позитивни на Ковид-19 и присуствуваат во скафандери. Зендели, исто така, констаираше дека на седницата не присуствуваат ниту премиерот, ниту други членови на Владата.


На седницата не се појави пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој беше потпишан на иницијативата за гласање доверба на Владата денеска не дојде на седницата и единствено преку социјалните мрежи извести дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието.
По ваквите случувања претседателот на Беса, Биљал Касами изјави дека Движењето стои на ставовите за, како што рече, пад на овој режим и дека се сомнева во тоа дека пратеникот се држи некаде против своја волја и има право на тоа се додека пратеникот не се појави пред јавноста и не го искаже својот став.

Се додека немам јасна слика и глас за пратеникот за својот став јас се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го има декларирано и не може да дојде во Собрание и да се искаже за својата политичка позиција, рече Касами.

Тој денеска, како што кажа, го нема контактирано Реџепи и нема информација каде се наоѓа од вчера.

Во моментов за нас е многу важно здравјето на пратеникот, да имаме комуникација за потоа да разговараме за другите опции, одговори на Касами на прашањето дали се преговара со други пратеници за обезбедување мнозинство за гласање доверба на Владата.

За тоа дали е пријавено исчезнувањето на пратеникот во полицијата, лидерот на Беса рече дека е во контакт со институциите и оти чека нивен одговор. Касами претходно денеска во изјава за медиумите истакна дека не е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, додавајќи дека евроатланскиот итегративен процес на државата е една од неговите и од основните цели на Движењето Беса.

 

OhridNews