На целото подрачје на СВР Охрид, вчера, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот, особено насочени кон возила кои вршат јавен превоз на патници.
- Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 111 моторни возила (Охрид-25, Струга-13, Кичево-60 и Дебар-13) од кои, на дополнителен преглед во станиците за технички преглед упатени се вкупно 46 возила кои вршат јавен превоз на патници (Охрид-12, Кичево-24 и Дебар-10). Таму, констаирани биле вкупно 8 неисправности (Охрид-6 и Кичево-2 од кои, еден неисправен уред за запирање). При акциските контроли, од сообраќај исклучени се 8 возила со кои се вршел јавен превоз на патници (Охрид-6, Кичево-2), информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 16 прекршочни платни налози (Охрид-6, Струга-8, Кичево-2)
Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
OhridNews