Недоразбирањата на правец Ракометна федерација и машката ракометна репрезентација продолжуваат.  На месец дена пред почетокот на мундијалот во Шпанија поради неисплатени плати селекторот на сениорите Ѕвонко Шундовски “касни“ со поширокиот список на ракометари за престојното Светско првенство.


Поширокиот список се состои од 24 ракометари, а од него се одбираат 16 кои ќе ја преставуваат Македонија на Светското првенство во Шпанија.

Месечната плата за селекторот на репрезентацијата која го освои петтото место на последното Европско првенство е 1 000 евра, а веќе неколку месеци Шундовски нема примено личен доход.


Пред квалификациските натпревари за ЕП ракометарите на чело со капитенот Кирил Лазаров се огласија за неисплатените плати и премии од континенталниот собир во Србија каде “македонската фаланга“ го освои петтото место.

Лошата комуникација помеѓу РФМ и македонската ракометна репрезентација можат да доведат само штета и лоша атмосфера пред Светското првенство во Шпанија.

Мх.П.