Санкции се превземени против вкупно 24, од кои две се од Струга.
Станува збор за бурекџилницата Плажа на улица Партизанска, кај која е утврдено дека работи под лоши хигиенски услови и изречено и е решение за забрана на вршење на дејноста.
Мерка решение за забрана на вршење на дејноста изречена и е и на струшката бурекџилница Чаир Мево на улица Партизанска, која исто така работела во лоши хигиенски услови.
Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да соработуваат со инспекциските служби и да го пријават секој сомнителен објект каде што се конзумира храна и да се избегнува купување од истите.