Брачниот пар Сенди Валдивиесо и Триет Во се качиле на лет на компанијата Туркиш Ерлајнс во Лос Анџелес со намера со авион да отпатуваат во Дакар во африканската држава Сенегал. Наместо тоа, се качиле на летот за Даку во азиската држава Бангладеш, оддалечен повеќе од 11 илјади километри од нивната цел. Се чини дека дошло до забуна поради тоа што двата града имаат слични имиња, и код од три букви кој го користат авионските превозници како би ги разликувале аеродромите. Компанијата на парот му издал билети на кои пишувало DAC, што е код за аеродромот Даку, а кодот за Дакар бил DKR.
Сенди објаснила дека кога стјуардесата рекла дека тоа е лет за Даку, мислеле дека така звучи Дакар изговорен со турски акцент. По префрлањето во Истанбул, уморниот пар заспал, а кога се разбудиле сватиле дека авионот е полн со азиски жители, додека тие очекувале африканци. Проверката на местото на кое се наоѓаат на видео картата во авионот ги потврдило нивните стравови. Сенди рекла дека тогаш сватиле дека дошло до огромна грешка. За среќа, се било брзо исправено. Кога слетале во Даку, компанијата ја признала грешката и им го осигурала првиот лет од Даку за Дакар бесплатно.