Дефанзивецот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Ренан Лоди (23), го загуби местото во бразилската фудбалска репрезентација за продолжението од мундијалските квалификации, бидејќи не е вакциниран со две дози против коронавирус.

Бразилскиот селектор Тите објави дека нема да смета на услугите на Лоди за дуелите против Еквадор и Парагвај.

Лоди испадна од списокот кандидати поради нецелосна вакцинација, изјави Тите.

Лоди прими прва доза вакцина против коронавирусот на 10 јануари, а Бразил на 27 овој месец му гостува на Еквадор каде услов за влез е вакцинирање со две дози.

OhridNews