Хилда Бреер од Германија сватила дека пензијата и е премногу мала за живот, па во потрагата за дополнителна заработувачка се свртела кон најстариот занает на светот, иако има 80 години. Нејзината пензија изнесувала само 225 евра, што било премалку за живот, па Хилда почнала да го нуди своето тело во еден бордел. Неодамна настапила во германскиот „Суперталент“ и ја воодушевила публиката, а таа тој потег го оценила како добар маркетинг, кој ќе и помогне полесно да дојде до нови муштерии. Хилда некогаш имала многу пари. Се занимавала со пеење и глума во теленовели.
Имала три куќи и седум земјишта. Во 1980 година на некоја роднина и дала полномошно за користење на нејзиниот имот, а таа се распродала. Не примала социјална помош бидејќи имала удел во фирмата на нејзината ќерка која и не била многу успешна. Нејзиниот прв клиент бил ловец стар 43 години. За еден час со Хилда платил 140 евра. Од тие 80 евра отишле за сопственикот на клубот и за данок. Меѓутоа, по 15 месеци во борделот, Хилда се откажала бидејќи нејзиното тело не можело повеќе да издржи. Подоцна почнала да работи на хотлајн.