Поради густа магла во скопската котлина денеска се откажани речиси сите полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ Скопје.
Според податоците на официјалната интернет страница, од сите предвидени летови, единствено полетал авионот на компанијата „Ерлифт сервис“ кон Цирих околу осум часот. Откажани се летовите за Виена, Будимпешта, Загреб, Белград, Подгорица и Бурса.

Поради намалената видливост не слетаа ниту авионите од Цирих, Бурса, Виена и Будимпешта.
Се уште не се знае до кога ќе биде прекинат сообраќајот на скопскиот аеродром.

Од Авто Мото сојузот на Македонија утринава информираа дека поради маглата намалена е видливоста на патните правци: Велес-Штип до 100 метри видливост; Прилеп-Кичево 50 метри; Прилеп-Крушево 30-50 метри; Скопје-Велес 30-50 метри; Неготино-Велес 50-100 метри.

Апелираат внимателно возење и прилагодување на брзината на движење на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар.

OhridNews
извор: Makfaks