Поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри во Охрид.
Од „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
OhridNews