Поради лошите временски услови се одложува одржувањето на детскиот забавен настан „Разигран плоштад”, кој беше закажан за денеска напладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
За следниот погоден термин за одржување на настанот дополнително ќе бидете информирани, велат од Општина Охрид.
Настанот е во рамки на Програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата”, а според предвиденото учениците од 5-то одделение од општинските централни училишта ќе играат во исти чекори, на ист ритам и ќе го прослават танцот.
OhridNews