Лажна реклама за компанијата Епл која тврди дека новиот IOS 7 софтвер ќе ги направи вашите “iPhone” и “iPad” водоотпорни успеа да измами некои корисници да си ги уништат своите направи.

Оваа “реклама” циркулираше на социјалните мрежи, а во неа се тврди дека снимањето на новиот софтвер ќе овозможи инсталација на “паметен прекинувач” кој ќе ја исклучи напојувањето на телефонот кога ќе биде “детектирана” вода. 

На социјалната мрежа Твитер се појавија голем број на корисници на прозиводите на Епл кој биле прелажани па тестирајќи ја новата “функција” си ги уништиле уредите вредни неколку стотици евра.

Креаторите на оваа лажна реклама сеуште се непознати, а од Епл уште немаат дадено изјава за овој настан.