Како почетна фаза на инфраструктурниот проект кој локалната самоуправа го реализира за формирање на кружен тек на пресекот на Булеварот „ Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“, екипи на Ј.П. „ Охридски Комуналец“ денеска ги отстранија четирите липи кои беа засадени на пешачкиот остров во близина на оваа сообраќајница.
Акцијата започна од раните утрински часови во координација со сообраќајната полиција.
Беа ангажирани вработени од Р.Е.„Паркови и зеленило„ кои ги сечеа дрвата со моторна пила, специјално возило ИЦБ за отстранување на корењата, подигнување на пресечените дрва, две специјални возила за транспорт на пресечените стебла и крошните од дрвјата.
OhridNews