40 годишниот Гери Ватхус од Англија, секое утро се облекува за на работа, оди до каналот и весла 10 километри до болницата во која работи, бидејќи бензинот за автомобилот му е прескап. Му треба околу еден час, што е 10 минути повеќе отколу со автомобил во утринските гужви.
„Знам дека некои мислат дека сум луд кога ќе ме видат во 5 часот и 30 минути како влегувам во кајакот и одам на работа. Но, немам повеќе нерви, а што е поважно ни пари да одам со автомобил“ – вели Гери.
Таткото на 3 деца тврди дека на бензин заштедува околун 20 фунти неделно. Веслањето го опушта, а на работа доаѓа смирен и без стрес. Единствен проблем е што кога се враќа дома е мрак, па затоа набавил рударски шлем со лампа и вели дека веќе нема никакви проблеми.