Глобалното затоплување не предизвикува ширење на пустините на копното туку и се е поголем бројот и на региони во морињата каде што нема услови за живот. Причина за тоа е се помалото присуство на кислород во топлата морска вода.

Глобалното затоплување предизвикува пораст на температурата во океаните, а негативната и опасна последица на овој процес е опаѓање на нивото на кислород во водата, бидејќи топлата вода апсорбира помалку кислород од ладната.

Овој процес предизвикува ширење на подводните пустини во тропските мориња, се наведува во извештајот од група научници, која ја води Лотар Страм, морски биолог од Киел. Студијата е објавена во најновиот број на научното списание Сиенс.

Се помал е просторот за риби.


Недостатокот на кислород би можел да предизвика несогледливи последици на еко системот, бидејќи за опстанок на голем број организми им е потребен кислород, а промените на биохемискиот процес би можел да влијае на хранливите материи во морињата. Така би можело да исчезнат и подрачјата каде што живеат риби, а тоа би можело да се одрази и врз риболовот.

Научниците од САД и Германија за потребите на оваа студија анализирале податоци добиени од истражувањата на тропските океани во изминатите 50 години.

Добиените резултати одговараат на моделите кои научниците претходно ги предвиделе.

Долгорочните промени на нивото на кислород претходно биле забележани во субполарните и субтропските региони, а во овој случај се докажани и во тропските океани.
 
Но, Страм истакнал дека во овој момент не е можно сосема сигурно да се предвиди дали овој процес ќе продолжи и на кој начин ќе се одвива.