Од локалната самоуправа информираат дека во тек е реализација на проектите од Светска Банка – изведба на атмосферска канализација кои започнаа на 23- ти јуни годинава. Со оглед на тоа дека трасата на цевоводот минува до средината на коловозот на улицата „ Ристо Чадо“, сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива по улиците „ 15 Корпус “ и „ Прва Македонска Бригада“.

По завршувањето на работите на секоја делница од цевоводот, сообраќајот ќе биде нормализиран.

OhridNews