Аеродромот „Индира Ганди“ во Њу Делхи, главниот град на Индија во понеделникот беше затворен повеќе од 1 час поради инвазија од гуштери кои ја запоседнаа пистата.
Ненајавените гости направиле голем хаос, бидејќи поради нив се пореметил распоредот на летање на стотина авиони. Се претпоставува дека гуштерите бегајќи од монсунските дождови, ја запоседнале пистата поради нејзината топлина.
Гуштерите кои опуштено се шетале по пистата ги приметиле неколку пилоти, по што аеродромот бил затворен.
Во расчистувањето се вклучиле вработените во аеродромот и неколку друштва за заштита на животните.