„Многу е тешко да се открие причинителот на ваквата епидемија и да се утврди трагата на бактеријата. Тоа е многу тешка постапка, бидејќи се заразените луѓе по изминати пет дена, колку што трае инкубацијата, не можат точно да се сетат што точно јаделе и пиеле“, додава Родиер.
Епидемијата е предизвикана од еден многу редок вид на бактеријата ентерохеморалгичната Е бактерија ешерихија коли.Симптомите предизвикани од ЕХЕЦ се крвава дијареа, треска и повраќање. Повеќето пациенти се опоравуваат во рок од 10 дена, но кај помал број пациенти болеста може да добие тежок облик кога настанува уремиско-хемолитички синдром и да го загрози нивниот живот.
Експертите засега немаат веродостојни процени за тоа како заразата започнала, но не се исклучува можноста дека бактеријата се наоѓа или во салатите или друг вид зеленчук кој е на продажба.
Според Светската здравствена организација (СЗО), оваа бактерија е често присутна во цревата на човекот и топлокрвните животни. Повеќето од нејзините видови се безопасни, но некои видови, како што се, на пример, ентерохеморалгичната Е бактерија ешерихија коли може да предизвикаат сериозни болести, кои потекнуваат од храна.
извор: Makfaks