Преку 120 натпреварувачи ќе земат учество на Кендо балканскиот шампионатот кој наредниов викенд ќе се одржува во Охрид во спортската арена “Билјанини Извори“. Денес според распоредот од 9 до 17 часот се индивидуалните натпревари, додека в недела ќе се одржуваат тимските натпревари.
–
Седум репрезентации ќе учествуваат на шампионатот во Охрид, додека единствено репрезентацијата на Грција не го пријави учеството на шампионатот во Охрид. Нивната федерација не извести дека името е единствениот проблем поради кој нема да допатуваат во Охрид -рече капитенот и селекторот на репрезентацијата Златко Кескоски.
Македонија на последениот ваков собир токму во Грција го победи домаќинот и го освои третото место, од репрезентацијата очекуваaт и на натпреварите овде во Охрид да се закитат со медал.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com