Охриѓанецот Илија Кордоски вели дека бил непријатно изненаден откако доцна во ноќта додека бил дома добил SMS порака на мобилниот телефон дека му завршила паркинг сесијата и треба да плати 360 денари.
-Уредно пријавив почеток на паркирање со SMS порака, но при заминување системот со кој се регулира зонското паркирање во градот постојано покажуваше грешка. Се обратив до контролорите од кои добив образложение дека системот е паднат и толку. Потоа си заминав и доцна во ноќта ми стигнува порака дека дебело е наплатено.- вели Илија.
Тој се обидел да исконтактира со одговорните на телефонскиот број за помош во случај на проблем поставен на информативните табли за паркирање, но никој не се јавувал.
Со проблеми се соочуваат и туристите, особено тие од странство кои немаат македонски мобилен број за активирање на паркинг сесија, на информативните табли нема упатство на англиски јазик, а неретко нивните возила завршуваат со „канџи“ на тркалата.
OhridNews