Камџаи Конг Таворн од Тајланд требал да излезе од затвор 2007 година по отслужувањето на дваесетгодишната казна поради поседување хероин. Меѓутоа дополнителните три години му ги донела една грешка во полициските документи.


Имено во документите наместо 1987, пишувало дека казната започнал да ја служи во 1997 година. Според грешката требало во затвор да остане десет години подолго. За среќа, по само три години министерот за внатрешни работи бил во посета на затворот, а Конг му објаснил дека нешто не е во ред бидејќи до тогаш требало да биде на слобода. Ја пронашле грешката и веднаш бил ослободен.