Поради изведување на градежни работи на коловозната лента (бетонирање, тампонирање и подготовка за асфалтирање) на главната влезна улица во село Волино, од центарот до мостот на каналот на река Сатеска, во правец на село Требеништа, улицата целосно ќе биде затворена за сообраќај следните три дена, информираат од Општина Дебрца.

Во  среда во временскиот период од 07.00-07.00 часот наредниот ден, во четврток во временскиот период од 07.00-17.00 часот и  во петок во временскиот период од 07.00-17.00 часот.

Се молат граѓаните да го почитуваат новиот режим на сообраќај и за излез и влез во Волино да ги користат алтернативните патишта за Мешеишта, Корошишта и Мороишта, во зависност од релацијата кон која имаат намера да се движат, велат од Општина Дебрца.

OhridNews