По налог на Одделението за комунален развој и сообраќај, градежната оператива во текот на утрешниот ден, вторник 5.5. 2009 година ке врши работи за приклучување на канализационата мрежа на улицата „Македонски просветители“ кај Основниот Суд во Охрид.

Поради овие зафати, можни се повремени застои во нормалното одвивање на сообраќајот особено во периодот помеѓу 9 и 11 часот вдолж улицата „Македонски просветители“ на потегот помеѓу крстосниците со улиците „Димитар Влахов“ и  „Даме Груев“.

Ohridnews