Општина Охрид од 20 март, сабота, ќе започне со градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Јане Сандански“ на потег од кружната крстосница со булевар „Туристичка“ до кружната крстосница со улица „Сирма Војвода /Даме Груев“.

За таа цел на овој потег ќе отпочне да важи времен режим на сообраќај по кој мора да се придржуваат учесниците во сообраќајот, се додека траат градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа. Активностите ќе ги изведува „Вардарградба“ ДОО Скопје. – соопшти Општина Охрид.

Локалната самоуправа апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на соодветната сигнализација која ќе биде поставена додека трае новиот режим на сообраќај, заради непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, а доколку не е неопходно да се избегнува овој потег за сообраќај.

OhridNews