Центар за култура „Григор Прличев“

Од 21.10.2023 - 20:00 до 21.10.2023 - 22:00

Поради големиот интерес на новиот македонски филм „ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“ во режија на Марјан Гавриловски, повторно на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид во сабота, 21 октомври, со почеток во 20.00 часот.

Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

Во фимот играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Времетраење на филмот е 124 минути.

Цена на картата е 150 денари, а истите ќе бидат во продажба на билетарата на Ценатрот од понеделник, 16 октомври.

OhridNews