Поради голем дефект на водоводната мрежа на цевка со профил 450мм отежнато се одвива водоснабдувањето на територија на целиот град, а во одредени реони има прекин, информира ЈП Водовод Охрид.
Екипи на јавното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Поради сериозноста и обемот на дефектот водоснабдувањето ќе се одвива со намален притисок на територија на цел град до утре попладне во 16 часот, велат од Водовод Охрид.
OhridNews
Фото: Архива