До 2100 година постоечките климатски зони ќе исчезнат и ќе бидат заменети со нови, покажало истражувањето спроведено од Националната академија на науките на САД, посветено на глобалното затоплување.

Во објавеното истражување се наведува дека климатските промени ќе претставуваат закана за серија растителни и животински видови, најмногу во областа на Хималаите, Филипините, планинските делови од Африка и Јужна Америка.


станува жешко на Земјата

Научниците предупредуваат дека поради глобалното затоплување на светот му се закануваат огромни  преселби на луѓето од пределите кои ќе бидат најзасегнати од промените.
Просечното глобално затоплување  за еден век во минатото изнесувало едвај 0,74 степени Целзиусови, додека само во периодот од 1990 до 2000 температурата на планетата се зголемила во одредени делови и за 6,4 степени. Во периодот од 1994 година до 2004 температурата на Земјата се зголемила еднакво како и во периодот 1940-1980, што според научниците е сериозно  предупредување дека со планетата нешто тргнало како што не треба, а главен виновник за тоа е човекот. Доколку не го сфати сериозно глобалното затоплување, човекот  ќе се соочи со сериозни последици, предупредува науката.

Г.М.