Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Бангладеш ги замолила фабриките, продавниците и трговските центри да не работат за време на фудбалските натпревари за да се избегнат прекини во напојувањето со електрична енергија. Граѓаните биле замолени за тоа време да ги склучуваат климатизерите, бојлерите рерните и сите поголеми потрошувачи.
Електродистрибуцијата овој апел го упатила откако дошло до големи немири откако бил прекинат еден натпревар поради прекин во дистрибуцијата на електричната енергија. Бесните навивачи оштетиле неколку трафостаници и потполно уништиле дваесеттина автомобили. Во немирите биле повредени околу 30 лица.