Откако нивното гратче било избрано како локација за светска премиера на новиот филм за Штрумфовите, за кој се очекува да стане голем хит, жителите на шпанското гратче Хускар во близина на Малага ги обоиле своите традиционално бели куќи во сино, како малите штрумфови би се чувствувале како дома.
Во новиот анимиран филм Штрумфовите имаат мака да се вратат во своето село откако се нашле во Централ Парк во Њујорк. Како Хускар не би се разликувал многу од нивното село, општината потрошила 3000 литри боја и платила 10 молери. Целокупната атмосфера во гратчето е во духот на штрумфоите, но за утеха на традиционалистите, за кои новата боја претставува своевиден шок, од студиото Сони ветиле дека по свечената премиера се повторно ќе вратат во првобитната состојба на нивни трошок.