Жителите на едно мало гратче во Шпанија одлучиле да ги забранат борбите со бикови, и покрај долгата традиција, поради се’ поголемата економска криза.


Полнолетните граѓани од Мансанарес ел Реал гласале на референдум кој го организирал градоначалникот, и поголемиот дел од нив се изјасниле да се прекине традиционалниот фестивал на кој главна претстава биле борбите со бикови. Меѓутоа имало и многу разочарани поради оваа одлука. Имено за забрана гласале 52 проценти, за одржување 35 проценти, додека само 13 проценти се изјасниле за компромисно решение, односно фестивалот да се одржи, но со помали трошоци.

Градоначалникот појаснил дека за одржување на борбите со бикови се потрбни околу 125 илјади евра, што е премногу за нивната мала заедница која е во рецесија.