Денес ЕВН ги исклучи сите водоснабдителни системи во Дебрца, за долг од 2.000.000 денари, иако им беше предложено јавното претпријатие на месечни рати да го сервисира и овој долг. Без вода покрај граѓаните на Дебрца остануваат и Болницата за дијализа и Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле”, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Со цената на водата која ја утврдува Регулаторната комисија од 19 денари за м3 и индустриската цена на електричната енергија за водоснабдување и блокирана сметка не само нашето, туку ниту едно јавно претпријатие не може да излезе на крај. Дали вака постапувате и кон другите водоводни претпријатија, кои Ви должат милионски суми во евра за електрична енергија!? И дали вака постапувате кога со денови испаѓаат вашите системи од функција, реагира Ногачески.
Потсетува дека пред три месеци со одлука на советот на Општината Дебрца преземен е долгот на ЈКПД Дебрца за неплатена електрична енергија кон ЕВН, во износ од преку 18.000.000 денари и истиот редовно се сервисира.
OhridNews