За да ја искаже својата фрустрација со секојдневните проблеми кои ги имал со неговиот автомобил Пурмушени Хади оваа сабота пред публика во шоу за автомобили во Франкфурт со чекан го искршил своето “BMW M6”.


Тој тврди дека со автомобилот кој го купил во 2008 проблемите и дефектите никогаш не престанувале. Наводно автомобилот не го исполнил неговото очекување, тропал и вибрирал при менување на брзина.


Хади кој живее во Италија изјавил дека повеќе пати пробал да го поправи автомобилот и побарал помош од компанијата “BMW” но не добил никаков одговор. “BMW во Италија и Германија меѓусебе ја префрлаа вината и никој не ми помогна. Ова е мојот одговор на нивното игнорирање.” изјавил револтираниот сопственик.