При вршење на ископ за изградба на објект од страна на градежна компанија во населбата Св.Стефан, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка (салонит) со профил ф160 мм.

Прекин во водоснабдувањето од 11:00 часот има во населбата Св.Стефан на потегот од Хотел Гранит до Горица 2, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Додаваат дека екипи на претпројатието се на терен до целосно завршување со санацијата.

OhridNews